
Дигитална безбедност за новинарки
За курсот
Овој курс претставува вовед во дигиталната безбедност за новинарките и опфаќа теми за дигитално вознемирување и заплашување коишто жените во оваа област непропорционално ги доживуваат. Курсот овозможува информации за одговoр на дигитални безбедносни инциденти, но не е наменет за новинари кои во моментот се во кризна ситуација.
Барања
Овој курс може да го полага секој новинар или новинарка кој/а има основно знаење и искуство со дигиталните технологии.
Оценување
Од вас ќе биде побарано да одговорите на 38 прашања од овој курс. Постојат прашања на крајот од секоја лекција, а на крајот на курсот има завршен тест. Со цел успешно да го завршите овој курс, вашиот резултат ќе мора да биде најмалку 50% од вкупниот резултат. Конечниот тест најмногу придонесува за вашиот резултат.
Авторски права
Авторските права на овој курс (вклучувајќи го и визуелниот материјал) припаѓаат на ОБСЕ.