Skip to main content

Истражувај случаи на корупција онлајн: алатки, совети и техники што сите новинари треба да ги знаат

Овој курс за е-учење обезбедува пакет алатки за истражување на корупцијата од страна на новинарите.

За курсот

Овој курс за е-учење обезбедува пакет алатки за истражување на корупцијата од страна на новинарите. Ќе претставиме алатки и техники што може да ги користите во новинарските истражувања заради пронаоѓање повеќе информации. Има голем број онлајн платформи што можат да ви помогнат, а голем дел од нив се бесплатно достапни. Во овој курс ќе ве водиме низ овие платформи за да знаете каде и што да побарате. Курсот е со практична ориентација и содржи голем број совети од страна на искусни новинари за интелигентно истражување.

Барања

Овој курс за е-учење е наменет за истражување на корупцијата од страна на новинарите. Сепак, целната публика за курсот не е ограничена на истражувачките новинари. Всушност, секој кој сака подлабоко да истражи определена тема може да има придобивки од алатките, советите и техниките што се претставени тука.

Оценување

Од вас ќе биде побарано да одговорите на 41 прашања од овој курс. Постојат прашања на крајот од секоја лекција, а на крајот на курсот има завршен тест. Со цел успешно да го завршите овој курс, вашиот резултат ќе мора да биде најмалку 50% од вкупниот резултат.

Авторски права

Авторските права на овој курс (вклучувајќи го и визуелниот материјал) припаѓаат на ОБСЕ.

Enroll